Дома Фудбал Арсенал и Манчестер Сити го сакаат новиот германски репрезентативец уште во јануари

Арсенал и Манчестер Сити го сакаат новиот германски репрезентативец уште во јануари

Арсенал и Манчестер Сити покажуваат интерес за новата ѕвезда на Ајнтрахт Франкфурт Натанијел Браун, тврди „Мирор“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


22-годишниот лев бек го привлече вниманието со неговите настапи за Германија за време на Европското првенство до 21 година. Пред неколку дена тој дебитираше и за селекцијата на Јулијан Нагелсман во натпреварот против Луксембург.

Во изминатата сезона Браун одигра 32 натпревари во Бундеслигата и забележа три асистенции. Со тоа си обезбеди нов договор, кој е до летото на 2030 година. Браун може да игра и како лев бек и како централен дефанзивец.

Според „Мирор“, спортскиот директор на Арсенал Андре Берта го гледа Браун како идеален играч за тимот на Микел Артета и соодветна конкуренција за Мајлс Луис-Скели и Рикардо Калафиори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Французите тврдат дека Јамал играл со рака пред пеналот. Погледнете ја ситуацијата

Шпанија ја совлада Франција со резултат од 2:0 во полуфиналето на Светското првенство. Гол…