Дома Фудбал Арсенал броеше до пет против Лидс

Арсенал броеше до пет против Лидс

Арсенал му покажа на Лидс колку тежок ќе биде животот во Премиер Лига. Тимот на Микел Артета победи со 5:0 на „Емирејтс“.

Јуриен Тимбер постигна два гола, при што и двата паднаа по корнери. Тој го отвори резултатот во 34-та минута и го постигна четвртиот гол во 56-та минута.

Букајо Сака се запиша во последните моменти на првото полувреме, а Виктор Ѓокереш ја забележа првата своја голгетерска реализација за „топџиите“ малку по паузата. Шведскиот напаѓач погоди уште еднаш од пенал во додаденото време на второто полувреме.

Мечот веќе беше решен и Микел Артета направи тројна замена и на теренот влезе 15-годишниот Макс Дауман. Под големите овации на публиката, младиот талент дебитираше за „топџиите“. Тој стана само третиот играч во историјата на Премиер лигата, кој дебитирал пред да наполни 16 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул следи дефанзивец споредуван со Варан, но Ленс има силен адут

Исмаело Ганиу е меѓу дефанзивните опции што ги разгледува Ливерпул. Младиот фудбалер има д…