Дома Фудбал Арне Слот во неверување по титулата: “Да заборавиме дека ова е…”

Арне Слот во неверување по титулата: “Да заборавиме дека ова е…”

Менаџерот на фудбалскиот клуб Ливерпул, Арне Слот, изјави дека е горд на целиот тим и додаде дека екипата од Енфилд заслужено ја освои титулата во Премиер лигата.

Фудбалерите на Ливерпул денеска ја обезбедија титулата првак на Англија, откако на свој терен го победија Тотенхем со 5:1 во натпревар од 34-тото коло на Премиер лигата.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


– Чувството е одлично. Сакам да му изразам благодарност на Јирген Клоп – рече Слот, кој минатата година го замени Клоп на позицијата менаџер на Ливерпул.

Слот издвои дека Ливерпул заслужено го победи Тотенхем.

– Беше јасно дека овој натпревар не смееме да го изгубиме. Сите во автобусот велеа дека нема шанси да загубиме. Неверојатно сум горд, не само на играчите, туку и на спортските директори, членовите на мојот стручлен штаб… Сите заслужуваат голем аплауз – истакна холандскиот стручњак.

Со триумфот против Тотенхем, Ливерпул стигна до 20-тата титула во историјата на клубот.

– Да заборавиме дека ова е втор пат во 35 години, туку да кажеме дека е втор пат во последните пет години – заклучи Слот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчо никој не го сака: Причината е – парите!

Џејдон Санчо дефинитивно нема да остане во Манчестер јунајтед, меѓутоа, има голем проблем …