Дома Фудбал Аргентина се откажа од Алварес и уште двајца репрезентативци поради проблем со вакцини

Аргентина се откажа од Алварес и уште двајца репрезентативци поради проблем со вакцини

Националниот тим на Аргентина изненадувачки се откажа од тројца играчи за претстојниот пријателски натпревар против Ангола во африканската земја. Станува збор за тројца фудбалери на Атлетико Мадрид: напаѓачот Хулијан Алварес, крилниот напаѓач Џулијано Симеоне и десниот бек Науел Молина.

Како што дознаваме од објавата на веб-страницата на Аргентинската фудбалска асоцијација, овие играчи беа ослободени од составот на Лионел Скалони, бидејќи „не успеале на време да ги завршат медицинските процедури поврзани со примањето на вакцината против жолта треска, која е задолжителна за влез во Ангола“.

Така, тројца се приклучуваат на играчот од средниот ред на Челси, Енцо Фернандес, кој исто така нема да оди на пријателскиот натпревар поради оток во едното колено. Наместо тоа, итни повици добија дефанзивците Кевин Мак Алистер од Ројал Унион СЖ и Лисандро Мартинес од Манчестер Јунајтед, кој, сепак, само ќе тренира со тимот поради неодамнешната повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дембеле и Кварацхелија први на удар: Луис Енрике воведе сурово правило во ПСЖ

Откако минатата сезона освои сè што можеше да се освои, Луис Енрике не дозволува опуштање …