
АЛВАРО АРБЕЛОА им се обрати на медиумите по победата над Еспањол во 34. коло од Примера дивизија и направи детален осврт на натпреварот. Тренерот на Реал Мадрид го пофали Винисиус Жуниор, стрелецот на два гола, и истовремено даде јасна порака за вредностите на клубот, спомнувајќи ја и ситуацијата со Килијан Мбапе.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На прашањето за патувањето на Килијан Мбапе додека се рехабилитира од повреда, Арбелoа беше кус и јасен: “Секое планирање на рехабилитацијата се надгледува и спроведува од медицинскиот тим на Реал Мадрид. Тие одредуваат кога играчите треба да дојдат во Валдебебас. Секој играч во своето слободно време решава што е најдобро за него и тоа е нешто во што не се мешаме.”
Да потсетиме, Мбапе беше забележан последните денови како ужива на јахта во Италија со својата девојка, актерката Естер Експосито, што предизвика многумина, вклучувајќи членови на соблекувалната на Реал, да се запрашуваат дали сериозно го сфаќа процесот на враќање од повреда.
На прашањето дали има разлика во посветеноста помеѓу Винисиус и Мбапе, тој одговори: “Не ги споредувам играчите. Сметам дека ни се потребни сите. Откако сум на оваа позиција, кажувам дека за победа е потребна целосна посветеност на секој играч.”
“Често кажувам дека ме боли кога гледам дека други тимови трчаат повеќе од нас. И не само кога ја немаме топката, треба да бидеме тим кој многу се движи и кога сме во посед. Тоа не е лесно, бидејќи за да ја примиш топката, понекогаш е потребно да направиш десет трчања”, заврши тој.
“Потребна ни е посветеност на сите играчи во притисокот, одбраната и нападот. Денес, ако сакате да бидете комплетен тим кој е тешко да се победи, самиот талент не е доволен. Сакам да гледам дека играчите разбираат дека не само што е важна посветеноста, туку дека тоа е еден од темелните вредности на Реал Мадрид”, нагласи тренерот.
Испрати силна порака за вредностите на клубот: “Кога зборуваме за тоа што е Реал Мадрид и како е изграден, не сме го создаделе ова што е денес со играчи кои на теренот излегуваат во смокинзи, туку со играчи кои натпреварот го завршуваат со дресови натопени со пот, покриени со кал, труд, жртва и упорност.”
“Бидејќи овој тим секогаш ги доведува најдобрите играчи во светот, кога тие ќе разберат што е Реал Мадрид, кои се неговите вредности и што го направило голем, тогаш талентот се здружува со посветеноста и трудот, што не прави најдобриот тим на светот. Но, пред сè, се работи за тоа кои сме и како ја изградивме историјата на Реал Мадрид”, заврши тренерот на Реал.