
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одржа медиумска конференција пред последниот натпревар оваа сезона во Ла Лига против Атлетик Билбао, кој истовремено ќе биде и неговото последен како тренер на клубот. Арбелоа зборуваше за неговото заминување и можната иднина на клубот со враќање на Жозе Мурињо.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Се надевам дека ова е само привремено збогум, бидејќи овој клуб секогаш ќе биде мојот дом. Веќе 20 години сум дел од Реал Мадрид во различни улоги и ќе продолжам да го сметам како моја куќа. Утре ќе биде мојот последен натпревар на клупата на Реал, а не знам дали ќе биде и последен во мојата тренерска кариера“, изјави Арбелоа на почетокот на емотивното обраќање.
Тој истакна дека целта е да се збогува со навивачите со победа. „Утре е голем натпревар, можност за збогување со навивачите. Домашните натпревари секогаш се од посебно значење и ние сакаме да им пружиме уживање на навивачите, што е најважно“.
За својата иднина реши да не открива премногу, но исклучи можност за соработка со потенцијалниот нов тренер.
„Не ми е на мене да зборувам за можности. Мурињо има фантастичен тим. Ако дојде во Реал Мадрид, ќе го донесе својот тим и нема никаква можност јас да бидам дел од него. Од понеделник ќе морам да размислам што е најдоброто за мене. Сметам дека веќе направив значаен чекор и многу напредував во последните четири месеци.“
На прашањето за совет за својот наследник, кратко одговори: „Не сум тука да делам совети, кој и да дојде ќе има големо искуство.“