Дома Фудбал Араухо го продолжи договорот со Барселона, а Лапорта веднаш направи неочекуван потег

Араухо го продолжи договорот со Барселона, а Лапорта веднаш направи неочекуван потег

Роналд Араухо реши да остане во Барселона иако беше на чекор од трансфер во Јувентус. Сепак, Уругваецот денес го потпиша новиот договор со Каталонците, а потоа Жоан Лапорта направи господски потег.

Араухо до пред десетина дена веќе со една нога беше надвор од Барселона, но работите драстично се сменија по финалето на шпанскиот Суперкуп.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Барселона во тоа финале го декласираше Реал Мадрид со 5:2, а Араухо одигра одличен натпревар. Иако пред тој натпревар се прости од соиграчите бидејќи одлучи да оди во Јувентус, на крајот сè се смени.

Претседателот на Барселона направи неочекуван потег и му кажа на Араухо дека ќе го поканат него, неговиот агент и семејството на ручек во блискиот ресторан иако тоа претходно не беше планирано. Но, Лапорта сакаше на тој начин да покаже на Уругваецот колку е важен за Барселона.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан на специјален начин му го честиташе роденденот на Модриќ (Видео)

Хрватската фудбалска репрезентација ја победи Црна Гора со резултат 4:0 во четвртиот натпр…