Дома Фудбал Англиска битка за пласман во ЛШ: Манчестер и Тотенхем се во финале!

Англиска битка за пласман во ЛШ: Манчестер и Тотенхем се во финале!

Боде Глимт ја заврши бајката, Атлетик Билбао имаше сила само да му се закани и да поведе на Олд Трафорд, како што и се очекуваше по првите натпревари финалето на Лига Европа ќе го играат Манчестер јунајтед и Тотенхем.

Ќе биде тоа англиска битка за пласман во Лигата на шампионите, последна шанса за спас на сезоната по очајните резултати на „ѓаволите“ и „петлите“ во Премиер лигата на Англија.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Големата пресметка е на 21 мај на Сан Мамес во Билбао, каде што Манчестер јунајтед практично го обезбеди пласманот во финалето со победа од 3:0 во првиот натпревар од полуфиналето.

Реваншот, сепак, не беше лесен за Јунајтед, иако конечниот резултат од двата натпревари од 7:1 тоа не го покажува.

Тотенхем рутински го победи Боде Глимт и во реваншот, и така со вкупен резултат од 5:1. Боде Глимт не успеа да направи сензација на дожд во Норвешка и проследен со аплаузи од публиката заврши ја европската мисија во историската сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аталанта ја совлада „волчицата“ за пласман во Лига на шампиони.

Фудбалерите на Аталанта го потврдија својот пласман во Лига на шампиони две кола пред крај…