Дома Фудбал Англичаните први Европјани со место на СП. Србија избегна уште еден пораз

Англичаните први Европјани со место на СП. Србија избегна уште еден пораз

Вчера се одиграа осум европски квалификациски натпревари за Светскиот Куп 2026 година, што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Србија се спаси од нов голем неуспех

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По болниот пораз од Албанија во саботата, Србија гостуваше во Андора, каде се очекуваше да победи. Но уште во 17. минута, српскиот тим беше изненаден кога Лопез постигна гол од центарот на теренот. Домашниот напаѓач забележа дека Ѓорѓе Петровиќ е малку подалеку од голот и точно шутираше, носејќи го неговиот тим во водство. Србија брзо израмни и потоа направи пресврт во вториот дел за да избегне уште еден голем пораз. Погледнете ги головите ТУКА.

Во другата средба во таа група, Англија ја совлада Латвија со 5:0 и си го обезбеди учеството на СП, како прва европска репрезентација која го постигна тоа. Головите ги постигнаа Кејн, Езе и Гордон, а Тонисевс си постигна авто-гол. Погледнете ги головите ТУКА.

Убедливи победи за Шпанија и Турција

Во рамките на групата Е, без многу неизвесности, Шпанија и Турција забележаа сигурни победи против Бугарија, односно Грузија. Шпанија даде четири погодоци без да прими гол, при што Мерино се истакна со два погодоци, а Ојарзабал додаде уште еден, додека Чернев си постигна автогол. Головите можете да ги погледнете ТУКА.

Турција ја совлада Грузија со 4:1 и остана во трката за првото место во групата. Демирал успеа двапати да се запише во листата на стрелци, додека Акѓун и Јилдиз постигнаа по еден. За гостите стрелаше Кочорашвили.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силекс го распродаде стадионот за натпреварот со Динамо Минск!

Фудбалерите на Силекс ќе имаат максимална поддршка од трибините на реваншот против Динамо …