Дома Фудбал Анчелоти реагираше на регистрацијата на Олмо: Имам свој став за тоа

Анчелоти реагираше на регистрацијата на Олмо: Имам свој став за тоа

Регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор, која Барселона успеа да ја реши во последен момент, предизвика незадоволство кај останатите клубови во Шпанија. На таа тема синоќа зборуваше и Карло Анчелоти, кој индиректно даде до знаење што мисли за сето тоа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голем дел од шпанските клубови од Ла Лига реагираа и изразија незадоволство што Олмо и Виктор се регистрирани и сметаат дека тоа не требало да се случи бидејќи Барселона не ги исполнила потребните услови.

Сепак, тие добија право да настапат веќе во натпреварот против Билбао, а сигурно ќе бидат во составот за финалето против Реал Мадрид кое е закажано за недела.

„Регистрацијата на Олмо и Виктор? Имам свој став, но не сакам да го искажам“, порача Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чудесниот Меси постави четири нови рекорди на СП

Лионел Меси само два дена пред да го прослави својот 39-ти роденден успеа да забележи дури…