Дома Фудбал Анчелоти: Претседателот на Ла Лига премногу зборува за нас

Анчелоти: Претседателот на Ла Лига премногу зборува за нас

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти зборуваше пред утрешниот прв полуфинален натпревар со Реал Сосиедад. Реваншот е на “Бернабеу” на 1 април.

“Секогаш е тешко да се игра против Реал Сосиедад, ова е полуфинале и е важно за двата тима. Ќе биде изедначен и интересен натпревар, затоа што тие играат добар фудбал, а ние сакаме да продолжиме со нашата динамика“.

Анчелоти му одговори и на претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас, кој го нарече Реал Мадрид “плачковци”: “Тој премногу зборува за Реал Мадрид. Откако сум тука… Тој не покажува почит кон многу мадридисти, кога зборува на тој начин. Има поважни прашања и тој треба повеќе да се фокусира на решавањето на проблемите на шпанскиот фудбал. Тебас рече дека се срами да е навивач на Реал Мадрид? Не знам колку е засрамен. Мислам дека секој е горд да биде фан на овој клуб”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…