Килијан Мбапе го постигна првиот гол за Реал Мадрид во победата над Аталанта 3:2 во шестиот круг од Лига на шампиони. Меѓутоа, набргу мораше да го напушти теренот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Французинот се повреди веќе во 35. минута од мечот и седна на тревата, по што беше заменет од Родриго, кој штотуку се врати од повреда.
По натпреварот, говореше тренерот на Мадрид, Карло Анчелоти, кој донесе добри вести за навивачите на клубот.
„Мислам дека не е ништо сериозно кога станува збор за Килијан. Едноставно, тоа е замор од премногу натпревари во последно време“, рече Анчелоти.
Реал е ослабен од почетокот на сезоната поради бројните повреди во тимот.