Иднината на Карло Анчелоти во Реал Мадрид не е така сигурна како до пред неколку месеци, а шпански „Релево“ најавува и дека Флорентино Перез подготвил привремена замена ако Италијанецот добие отказ пред крајот на сезоната.
Познато е дека најголема желба на Реал Мадрид е Чаби Алонсо, но Шпанецот нема да го напушти Баер Леверкузен пред крајот на сезоната и ако Перез се одлучи побрзо да реагира ќе треба да пронајде друго решение, но можеби веќе го има.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наводно, Сантијаго Солари кој веќе беше на клупата во 2018 година и го водеше тимот на 28 натпревари отказот за Лопетеги изгледа како одлична опција за такво непто. Посебно затоа што тој е веќе во клубот во функција на директор, па веројатно „кралевите“ не би требало да имаат некој посебен дополнителен трошок.
Солари по заминувањето од Реал Мадрид ја предводеше мексиканската Америка од ноември 2019 до јануари 2021, а потоа се врати во Мадрид.