Дома Фудбал Анчелоти има план: Знае како да игра против ваква Барселона

Анчелоти има план: Знае како да игра против ваква Барселона

Реал Мадрид мора да оди на се или ништо и претстојното “Ел Класико” е финалето на сезоната.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Барселона го победи Реал и во финалето на Суперкупот на Шпанија и Купот на кралот, а во Ла Лига води со четири бода, и Реал Мадрид едноставно мора да се бори за победа.

Но, Карло Анчелоти нема да игра офанзивно како досега во сезоната. Поточно, тој сака да му даде шанса на Арда Гулер, кој ќе го замени Родриго, и така на некој начин Реал ќе игра повеќе во формација 4-4-2, што не беше чест случај во сезоната.

Анчелоти има проблеми во одбраната, бидејќи се повредени Ридигер, Алаба, Менди, од порано Милитао и Карвахал, и затоа сака да ја зајакне средната линија.

Ако нема изненадувања, ова ќе биде поставата на Реал:

Kуртоа, Лукас Васкез, Асенсио, Чуамени, Фрањ Гарсија, Себаљос, Валверде, Белингем, Гулер, Винисиус, Ембапе.

Натпреварот Барса – Реал Мадрид е закажан за недела во 16:15 часот.

Фото: Real Madrid C/F/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го провоцира Реал Мадрид пред Ел Класико: Кај вас драма, а кај нас…

Додека во Реал Мадрид последниве денови се зборува за конфликти, напнатости и проблеми во …