Дома Фудбал Анчелоти го одбил Бразил поради понуда од 50 милиони евра по сезона!?

Анчелоти го одбил Бразил поради понуда од 50 милиони евра по сезона!?

Карло Анчелоти беше на чекор до преземање на бразилската репрезентација, но договорот пропадна во последен момент. Италијанскиот тренер требаше да потпише договор со Бразилската фудбалска федерација во Лондон, но во вторник навечер сè беше изненадувачки прекинато.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Според извештајот на Relevo, Анчелоти го известил бразилскиот сојуз дека Реал Мадрид не му дозволува да замине во јуни, пред почетокот на Светското клупско првенство, освен ако не се откаже од преостанатата плата од договорот кој трае до 2026 година.

Бразил беше подготвен за Анчелоти да ја преземе репрезентацијата веќе на 6 јуни против Еквадор, но сега разгледуваат други опции, како Жорже Жезус. Во исто време, на Анчелоти му беше понуден богат договор од саудискиот Ал-Хилал, наводно вреден 50 милиони евра по сезона.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде и Чуамени ги чекаат брутални казни, можат да бидат и избркани од клубот!

Реал Мадрид иницираше вонредна дисциплинска постапка против Федерико Валверде и Орлиен Чуа…