Дома Фудбал Анчелоти ги загуби нервите: Снимка која покажува колку е тешко да го тренирате Винисиус (Видео)

Анчелоти ги загуби нервите: Снимка која покажува колку е тешко да го тренирате Винисиус (Видео)

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, има сериозен проблем со Винисиус Жуниор на теренот. Тој не престанува да зборува, а камерите уловија интересни моменти за време на натпреварот во Купот на кралот против Реал Сосиедад.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бразилецот постојано е во центарот на вниманието. Карло Анчелоти се обидува да му сугерира да молчи бидејќи секој разговор на теренот е непотребен, но Винисиус не се запира.

Нивните разговори беа снимени за време на натпреварот во Купот на кралот против Реал Сосиедад. Карло му викаше на Винисиус да молчи, но безуспешно.

„Не зборувај, не зборувај“, викна Карло кон Винисиус, по што тој одговори дека ништо не рекол.

„Oди играј“, беа следните зборови на Анчелоти кон Бразилецот, кој продолжи да протестира на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…