Дома Фудбал Анчелоти донесе радикална одлука по драмата на „Месталја“

Анчелоти донесе радикална одлука по драмата на „Месталја“

Реал Мадрид во возбудлив натпревар славеше на „Месталја“ против Валенсија. „Кралевите“ во самиот финиш направија пресврт и победија, но Карло Анчелоти не може да биде задоволен од уште еден промашен пенал. Џуд Белингам се посрамоти со ударот од 11 метри, и тоа беше капката што ја прели чашата, па Дон Карло реши да избере личност што ќе ги шутира пеналите во иднина.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На почетокот од оваа сезона Карло Анчелоти реши да им препушти на ѕвездите на теренот меѓусебно да одлучуваат кој ќе ги изведува пеналите. Винисиус Жуниор, Килијан Мбапе и Џуд Белингам со меѓусебен договор донесуваат одлука на теренот, што беше случај и на натпреварот против Валенсија.

Мбапе се избори за пенал и овојпат топката отиде во рацете на Белингам. Сепак, Англичанецот шутираше очајно и ја погоди стативата, со што кралскиот клуб веќе промаши трет пенал оваа сезона.

Тоа беше капката што ја прели чашата. Анчелоти реши да одбере главен „пеналџија“ кој до крајот на сезоната ќе биде прв избор за ударите од 11 метри. Тоа го потврди по дуелот со Валенсија.

„Исклучително сум лут поради трите промашени пенали. Верувам дека дојде времето лично да го изберам изведувачот на пенали за остатокот од сезоната“, е јасната порака на италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како ФИФА ја изгуби контролата и Светското првенство го претвори во грабеж на навивачите

Со приближувањето на стартот на Светското првенство, дознаваме дека врвните функционери на…