Дома Фудбал Анчелоти добил ултиматум: Мора да донесе одлука!

Анчелоти добил ултиматум: Мора да донесе одлука!

Шпанските медиуми веќе некое време пишуваат дека иднината на Карло Анчелоти на кормилото на Реал Мадрид е неизвесна. Причините не се само резултатите на тимот во последно време, туку и фактот дека тој доби ултиматум со рок до кој мора да соопшти дали сака или не да ја преземе репрезентацијата на Бразил.

Судбината на Карло Анчелоти ќе зависи од трофеите на крајот од сезоната, а оние најважните моментално не му се блиску. Реал загуби (0:3) од Арсенал во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а моментално има четири бода помалку од водечката Барселона во шпанското првенство.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Реал Мадрид има намера да го доведе Хаби Алонсо ако Анчелоти не успее во последните два месеца од сезоната, наведуваат шпанските медиуми, но не прецизираат дали тоа успешноста се однесува и на Светското клупско првенство.

Она што стана дополнително важно е рокот до кој Анчелоти може да размисли дали сака да биде селектор на Бразил или не. Како што се наведува, од тамошниот сојуз му порачаа дека има право да размисли до 31-ви мај. На тој датум се игра финалето на Лигата на шампионите.

Фото: Real Madrid C.F

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

7 од 7: Убиствената серија на Ханзи Флик на финалината продолжува

Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 на финалето за Купот на Шпанија по драматичен натпр…