Дома Фудбал Анчелоти: Бразил ќе игра како Реал Мадрид

Анчелоти: Бразил ќе игра како Реал Мадрид

Кarlo Анчелоти, новиот селектор на Бразил, во интервју за Марка ги објасни причините за напуштање на Реал и ги откри плановите на новата позиција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Резултатите не беа согласно нашите очекувања, а и играта не беше добра, па моравме да реагираме. По испаѓањето од Арсенал, помисливме дека е најдобро да си одам”, изјави Анчелоти за напуштањето на клупата на Реал.

На прашање зошто го презеде Бразил, Анчелоти даде едноставен одговор.

“Лесно. Бразил е најдобрата репрезентација на светот. Тоа го кажуваат петте ѕвезди на дресот. Моја задача е освојување на шестата светска титула”, истакна Анчелоти и даде јавно ветување на навивачите на Бразил.

“Мојот Бразил ќе игра како Реал Мадрид, но не како овојгодишната екипа, туку како онаа од минатата година. Тоа е мојата визија”, потенцираше Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Продаден резервниот голман на Сити за 50 милиони евра

Манчестер Сити го продаде својот голман Џејмс Трафорд на Лидс. Како ПАМЕТНО да типувате на…