ЛУКА МОДРИЌ (39) постигна спектакуларен гол за Реал Мадрид. Хрватскиот репрезентативец го постигна голот против Џирона во натпреварот од 25. коло на шпанската Ла Лига. Реал на крајот победи со 2:0, откако Винисиус погоди во 83. минута. Погледнете го голот на Модриќ ОВДЕ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Играта на Модриќ ја коментираше Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид.
“Модриќ е дар за фудбалот. Нека игра дотогаш колку што тој сака. Она што го прави, го прави многу добро. Можеме да бидеме среќни што таква легенда е со нас. Имав уште еден играч кој имаше 40 години, тоа беше Малдини. Може да ги споредиме по тоа каков треба да биде фудбалерот. Тие се фантастични примери. Не е случајно што и двајцата достигнаа до 40 години. Генетиката е важна, но исто така посветеноста и пристапот кон трудот”, рече Анчелоти.
Оваа сезона, 39-годишниот Модриќ има веќе 35 настапи во сите натпреварувања, постигна четири гола и даде шест асистенции. Пропушти само два натпревари во напорниот јануарски распоред, кој вклучуваше два натпревара од Суперкупот во Саудиска Арабија.