Дома Трансфер зона Амрабат беснеел во канцеларијата на претседателот на Фиорентина затоа што не му дозволил трансфер

Амрабат беснеел во канцеларијата на претседателот на Фиорентина затоа што не му дозволил трансфер

Мароканскиот репрезентативец Софијан Амрабат до последниот момент од преодниот рок се обидуваше да ја убеди Фиорентина да го пушти во Барселона, но тие не се согласија на такво нешто.

Амрабат бил револтиран поради одлуката на раководството, па влегол во канцеларијата на претседателот на Фиорентина каде што направил инцидент.

Мароканецот му кажал одредени работи на претседателот поради кои би можел да зажали во иднина, меѓутоа Амрабат очигледно не се грижел за тоа.

На фудбалерот му се заканува и казна од клубот поради недолично однесување и може да биде суспендиран до крајот на сезоната.

Фиорентина бараше од Барселона во договорот да вметне откупна клаузула, меѓутоа каталонскиот гигант не можеше да го направи тоа поради финансискиот фер-плеј.

TOП 5 ТРАНСФЕРИ ВО ПОСЛЕДНИОТ ДЕН ОД ПРЕОДНИОТ РОК

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Звезда ја врзува иднината со Гаштаров: нов договор по пробивот во првиот тим

Матеј Гаштаров ја продолжи соработката со Црвена звезда до 2031 година. Македонскиот репре…