
Рубен Аморим е статистички најслаб менаџер на Манчестер Јунајтед од Втората светска војна, но португалскиот тренер ни најмалку не размислува за откажување од водството на Црвените ѓаволи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
“Оставка? Не! Тоа е одлука на управата. Не можам јас да го направам тоа. Тешко е кога ќе се изгуби. Толку е фрустрирачки кога ќе создадете нешто, па следниот натпревар нешто ќе се случи. Тие моменти понекогаш многу ме болат, но би било навистина тешко да си заминам без да направам сѐ што можам за да ја продолжам кариерата тука”, изјави Аморим.
“Никој тука не е наивен. Сфаќаме дека ни се потребни подобри резултати за да го продолжиме проектот. Ќе стигнеме до точка која е невозможна за секој од нас, затоа што овој клуб е многу голем, со многу спонзори и двајца сопственици. Се разбира, сон е да се биде дел од него, сакам да продолжам тука и сакам да се борам за ова, но проблемот е сегашноста”, додаде Аморим.