
Манчестер Јунајтед приреди големо изненадување за сите свои навивачи по потегот кој го направија околу тимот за оваа сезона во Премиерлигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тимовите имаа рок до денес да ги потврдат списоците на играчите на кои сметаат за оваа сезона во Премиерлигата.
Секој тим мора да има осум домашни играчи, а секој клуб може да регистрира колку што сака играчи под 21 година.
Манчестер Јунајтед потврди дека регистрирал вкупно 21 сениорски играч, а тука се и младите играчи.
Патрик Доргу, Лени Јоро и Коби Мајно се играчи кои спаѓаат под 21 година. Том Хитон, Дермот Мии, Рис Бенет, Хари Мекгваер, Лук Шо, Мејсон Маунт и Амад се седумте “домашни” играчи.
Тоа што ги изненади сите е името на еден играч кој си го најде местото меѓу регистрираните играчи.
Имено, левиот бек Тајрел Малација е дел од тимот кој е регистриран за оваа сезона во Премиерлигата, иако беше дел од играчите кои ги отпиша Аморим.