Дома Фудбал Алварез разбра што подготвува Барселона и веднаш одлучи да предизвика „земјотрес“ во Шпанија 

Алварез разбра што подготвува Барселона и веднаш одлучи да предизвика „земјотрес“ во Шпанија 

Сагата околу Хулијан Алварез продолжува бидејќи Аргентинецот одлучи да реагира откако сфати дека во Барселона немаат намера да чекаат Атлетико Мадрид премногу долго да се согласи на преговори за неговата продажба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Не е тајна дека Хулијан Алварез е голема желба на Барселона, и претставниците на каталонскиот клуб понудија 100 милиони евра на Атлетико Мадрид за Аргентинецот, но тоа беше одбиено.

Од Атлетико Мадрид порачуваат дека Алварез не е за продажба и беа особено лути затоа што тој минатиот месец јавно изјави дека сака да оди во Барселона.

Иако понудата на Барса сеуште стои, претставниците на каталонскиот клуб порачаа дека нема да чекаат уште долго и доколку наскоро нешто не се случи, ќе се свртат кон друг напаѓач.

Таа порака Алварез ја сфати многу сериозно, а вечерва каталонскиот Спорт објави дека тој ги контактирал своите агенти и побарал средба со претставниците на Атлетико.

Алварез сака само едно: трансфер во Барселона и порача дека ќе направи сè што е во негова моќ за да се оствари тоа.

Тој е подготвен во наредните денови повторно јавно да се огласи и да каже дека сака Атлетико Мадрид да го продаде и да му дозволи кариерата да ја продолжи во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Пирло остана без најголемиот предизвик во кариерата!

Фудбалскиот сојуз на Италија (ФИГЦ) донесе одлука дека Андреа Пирло нема да стане селектор…