Дома Фудбал Алисон: Гвардиола ми испрати писмо со сочувство, тоа никогаш нема да го заборавам

Алисон: Гвардиола ми испрати писмо со сочувство, тоа никогаш нема да го заборавам

Алисон Бекер, бразилскиот голман на Ливерпул, зборуваше за еден од најтешките периоди во неговиот живот – смртта на неговиот татко за време на пандемијата – и откри колку му значеше неочекуваната поддршка, дури и од редовите на ривалите.

Откако во 2018 година пристигна на Енфилд, Алисон со Ливерпул испиша златни страници од историјата на клубот. Освои Лига на шампиони (2019), две титули во Премиер лига (2020, 2025), ФА Куп (2022), Лига Куп (2022) и ФИФА Светско клупско првенство (2019). Но, зад блескавите трофеи криеше и голема тага.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Во февруари 2021 година, за време на пандемијата од коронавирусот, неговиот татко Жозе трагично почина со удавување во езеро во близина на семејната куќа во Бразил. Поради строгите мерки и забраната за патување, Алисон не можеше да отпатува на погребот – последното збогување со татка си го гледаше преку FaceTime.

Во тој болен момент, не можеше ни да размислува за фудбал. „Бев потполно скршен. Не можев да размислувам за ништо, а камо ли за натпреварите и тренинзите. Мораше да се потсетувам дека сум професионален фудбалер и дека се бориме за пласман во Лига на шампионите“, раскажува Алисон.

Но, токму тогаш пристигна пораката која му остана врежана во сеќавањето. Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, му испрати лично писмо со сочувство. Гест кој, како што вели, никогаш нема да го заборави.

„Тоа беше нешто навистина посебно. Во моменти кога се чувствуваш потполно сам, такви работи ти ја враќаат вербата во луѓето“, рече Бразилецот.

Покрај поддршката од соиграчите во Ливерпул, особено ги истакнува и пораките што пристигнаа од Карло Анчелоти од Реал Мадрид. „Поддршката од сите страни ми помогна да се соберам и да продолжам понатаму“.

Алисон брзо се врати на теренот и бранеше во последните 12 кола од таа сезона, а во мај постигна и славниот гол со глава против Вест Бромвич – единствениот што го постигнал во својата професионална кариера – со што директно го поттикна својот тим кон квалификациите за Лига на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА за Модриќ направи преседан: Хрватот ќе игра на Светското клупско првенство – никој не знае што потоа!

Живата легенда на Реал Мадрид Лука Модриќ во септември ќе наполни 40 години, на крајот од …