Дома Фудбал Aлегри може да добие отказ, се најавува и кој би го наследил!

Aлегри може да добие отказ, се најавува и кој би го наследил!

Борбата за водечката позиција на табелата за Милан се претвори во мачна борба за пласман во Лигата на шампиони, што изгледа дека ќе го плати тренерот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан ја започна 2026 година како лидер во италијанската Серија А и навивачите сонуваа за ново Скудето. Сепак, формата во новата година трпи пад и овој италијански гигант се соочува со еден од најтешките периоди во сезоната. Прашањето е дали воопшто ќе се пласираат во Лигата на шампиони.

Во последните недели тимот ја загуби својата препознатлива игра, енергија и јасни обележја во играта, а новите порази дополнително го зголемија притисокот во пресрет на самото финиширање на шампионатот.

Во битката за место меѓу четирите најдобри екипи на Серија А, Росонерите немаат повеќе право на грешка. Пред нив стојат уште два натпревари, гостување кај Џенова и домашна средба со Каљари, кои мораат да ги решат во нивна корист.

Нестабилноста во резултатите повторно го отвори прашањето за позицијата на тренерот. Иако можен пласман во Лигата на шампиони би можел привремено да ја смири состојбата, во клубот сè почесто се зборува за евентуални промени на клупата.

“Светот на Алегри се распаѓа, тренерот повторно е во жестока конкуренција, и дури и ако обезбеди место во Лигата на шампиони, ризикот од негово отпуштање е висок”, пишува Енцо Букјони за споменатиот извор.

Сериозноста на ситуацијата околу Алегри се потврдува со фактот дека во кулоарите на Милан веќе се споменува и името на неговиот потенцијален наследник, Винченцо Италијано, актуелниот тренер на Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…