Дома Фудбал Алегри има амбициозен план – познат тандемот кој ќе го предводи Милан

Алегри има амбициозен план – познат тандемот кој ќе го предводи Милан

Еден од најинтересните фудбалери на пазарот во Италија ова лето дефинитивно е младиот играч на Парма, Џовани Леони.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Овој млад фудбалер кој пристигна од Сампдорија минатото лето е мета на бројни клубови, а неговата вредност скокна повеќе од четири пати од моментот кога го облече дресот на Парма.

Макс Алегри е сериозен во намерите да го доведе овој млад играч, најмногу поради неговата физичка конструкција. Јасно е дека Алегри ја заснова својата одбрана на цврстина, а Леони е висок 195 см, има само 18 години и факт е дека сè уште не е мускулно изграден.

Алегри гледа во него извонреден потенцијал во секој поглед и го сака по секоја цена во Милан.

Парма ќе бара меѓу 20 и 25 милиони, но постои и опција по која Милан ќе понуди и Лоренцо Коломбо кој се врати од позајмица во Емполи и кој би можел да биде добра опција за Парма по заминувањето на Бони во Интер. Покрај тоа, Милан ќе мора да додаде уште 10-12 милиони евра.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Moќта на социјалните мрежи: Алиша Леман фудбалерка на сезоната – пет пати стартуваше и даде еден гол!

Алиша Леман, која има 27 години, ја доби титулата за најдобра фудбалерка на сезоната во Ле…