Дома Топ вести Aтлетико ја запре Барса во натпревар со три пенали, Реал ќе игра за +4! (ВИДЕО)

Aтлетико ја запре Барса во натпревар со три пенали, Реал ќе игра за +4! (ВИДЕО)

Дербито во Ла Лига вечерва го одиграа Барселона и Атлетико Мадрид.

Натпреварот на „Камп Ноу“ заврши без победник 2:2 што секако ги радува навивачите на Реал Мадрид. Со победа во следниот натпревар Реал ќе отиде на +4.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Работите започнаа добро за Барселона. Даглас Коста после еден корнер несмасно реагираше и си постигна автогол. Водство Барселона имаше се до 19 минута. Кога Саул Нигез го реализираше првиот од трите пенали кои беа досудени на овој натпревар. Интересно е што прво шутираше Коста кој промаши, сепак пеналот се повтори затоа што Тер Штеген порано ја напушти гол-линијата, тогаш Нигез ја превзема одговорноста и погоди.

Со тој резултат (1:1) заврши и првото полувреме.

Во второто полувреме видовме уште два гола и тоа два од пенал, по еден на двете страни. Прво Меси ја доведе Барселона во ново водство после пет минути игра во вториот дел, а конечните 2:2 ги постави Нигез со втор гол натпревар.

По овој натпревар Атлетико му направи голема услога на градскиот ривал и го доведе Реал на чекор од нова титула. Aко во својот натпревар од ова коло Реал го добие Гетафе во последните пет кола ќе влезе со четири бода предност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…