Репрезентацијата на Шпанија псоле продолженија ја победи Јапонија (0:1) и ќе игра во финалето на Олимписките игри против Бразил.
Натпреварот на „Саитама Стадион“ не понуди премногу возбудувања, а екипите се разиграа во финишиот. Асенсио беше херојот на Шпанија откако во 115. минута го реши прашањето на победникот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се играше изедначено, екипите повеќе размислуваат како да се одбранат отколку да нападнат. Во првото полувреме најблиску до гол беше Рафа Мир кој не реализираше зицер ситуација.
Јапонија првата посериозна прилика ја имаше преку Хајаши. Во 57. минута видовме интервенција на ВАР откако прво беше досуден пенал за Шпанија, па поништен.
Завршницата донесе доминација на Јапонија, се редеа шанси пред голот на Јапонија, иако во продолженијата свои шанси имаше и Јапонија.
Асенсио натпреварот го реши на пет минути до крајот кога со одличен удар го матираше Тани.
Финалето помеѓу Бразил и Шпанија ќе се игра на 7-август во Јокохама.