Дома Фудбал Англија Aртета си призна: Њукасл беше 10 пати подобар од нас…

Aртета си призна: Њукасл беше 10 пати подобар од нас…

Aрсенал вчера беше поразен од Њукасл во можеби најважниот натпревар во борбата за место во топ 4. Њукасл ги победи „топџиите“ со 2:0, па така Тотенхем дојде во ситуација во последното коло сам да решава за своето место во ЛШ и тоа против последнопласираниот Норвич.

Разбирливо после натпреварот разочаран беше шпанскиот стратег на клупата на Арсенал, Микел Артета.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тешко е да се разбере ваква ноќ. Њукасл ја заслужи победата, тие беа подобриот тим од нас од првата до последната минута. Ние не одигравме ништо. Бевме лоши со топка, имавме принудни замени, но тоа не може да биде изговор. Многу сум разочаран, Њукасл беше 10 пати подобар од нас во овој натпревар. Тоа што го прикажавме не е ниту блиску на ниво на тим кој сака да игра во Лига на шампиони“, изјави Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…