До крајот на сезоната во Ла Лига има уште пет кола, а тимот на Енис Барди Леванте може да се соочи со испаѓање од елитата затоа што заостанува шест бодови од безбедната зона.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Испаѓање на Леванте во ранг подоле веројатно ќе значи и заминување на македонскиот репрезентативец. Интерес за Барди и тоа како има. Арсенал кој има реални шанси да се врати во Лигата на шампионите сака да го засили тимот за наредната сезона и Барди според информациите е на нивната листа.




Постои интерес и од Италија каде што Фиорентина сака да го види во своите редови. Клубот од Фиренца можеби е и „најзагреан“ за потписот на Барди.




Уште еден голем клуб покажал интерес, а тоа е Борусија Дортмунд која сезонава заврши зад Баерн Минхен, а наредната година ќе се обиде да ја прекине доминацијата на баварскиот клуб.