Репрезентацијата на Аргентина ги започна припремите за Светското првенство, а од „Гаучосите“ се очекува да одат до самиот крај.
Жорге Сампаоли неодамна го објави списокот на играчи на кои ќе смета на Мундијалот и успеа да ја подели Аргентинската јавност поради изоставувањето на Мауро Икарди. Меѓутоа Сампаоли порача дека верува во тимот кој ќе патува во Русија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Аргентинските медиуми денес многу пишуваа за формацијата со која Сампаоли ќе настапи на Мундијалот. Наводно, таква формација на светските првенства се уште не е видена и јасно дека тимот ќе го предводи Лео Меси.
Како што се пишува Сампаоли се одлучил негова стандардна формација да биде 4-2-3-1, односно 2-3-3-2 кога се бара гол повеќе. Во тој случај во одбраната би биле само стоперите.
Sampaoli's talk of a possible offensive 2-3-3-2 could that see @Argentina look something like this? Messi in attack with Kun as the 2. Ballsy if so. pic.twitter.com/GrtIfbWlua
— Peter Coates (@golazoargentino) May 21, 2018