Искусниот италијански тренер Карло Анчелоти се врати во Реал Мадрид пред почетокот на сезоната и блиску е до освојување на трофејот во Ла Лига, но претседателот Флорентино Перез не е задоволен.
Анчелоти се врати на „Сантијаго Бернабеу“ по шест години и потпиша договор до 2024 година, но во Реал не му оди како што очекуваше бидејќи не се среќни ниту навивачите со настапите на тимот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанските медиуми шпекулираат дека Перез на крајот на сезоната ќе му даде отказ на Анчелоти, но тоа не е проблем за Италијанецот, кој веќе има понуда од нов тим.
„Тајмс“ објави дека Манчестер јунајтед покажал голем интерес за услугите на Анчелоти, па доколку Италијанецот добие отказ од Мадрид, нема да чека долго за нова работа.
Јунајтед се мачи веќе неколку сезони со тренерите, а сега во клубот веруваат дека Анчелоти конечно би можел да биде спас за „ѓаволите“.