Дома Македонски спорт Aнглија во Скопје нема да биде на екскурзија, ќе има за што да игра

Aнглија во Скопје нема да биде на екскурзија, ќе има за што да игра

Во следните денови се играат последните натпревари од квалификациите за Европското првенство во кои Македонија ќе игра два натпревари против Италија и Англија. Прво играме утре против Италија во Рим, а три дена подоцна ја пречекуваме Англија во Скопје.

Англија е првопласирана и во Скопје пристигнува со веќе обезбеден пласман на Европското првенство, меѓутоа не е дека Англичаните нема да играат за „ништо“ во Скопје.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Англија ќе сака победа за обезбедување на првото место што би и донело подобра позиција во ждребот за групите.

Пред последните два натпревари во квалификациите, Англија треба да слави против Македонија и Малта за да бидат подобри од Португалија, Словенија, Данска, Франција и Белгија, селекции кои во овој момент имаат повеќе бодови.

Англичаните сакаат да бидат помеѓу најдобрите пет селекции за да добијат место во првиот шешир на ждребот. Во нашата група Англија има 16 бодови, Украина 13, Италија 10, Македонија седум и Малта е без бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…