Дома Фудбал Лига на шампиони Aнглиски аналитичар шокираше со изјавата за Звезда: Тие се водоинсталатери (ВИДЕО)

Aнглиски аналитичар шокираше со изјавата за Звезда: Тие се водоинсталатери (ВИДЕО)

На британскиот „Скај Спорт“ вчера се следеше ждребот за Лигата на шампионите, а стручни коментатори и аналитичари кажуваа свое мислење за добиените групи.

Кога на ред дојде групата Б во кој се наоѓаат Баерн, Тотенхем, Олимпијакос и Црвена Звезда Стивен Ворнок кој е поранешен играч на Астон Вила сакаше да ја запознае публиката со Црвена Звезда.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Она што сигурно ќе го добиете таму се многу страствени играчи“, кажа водителот, а Ворнок продолжич: Да тоа е место каде што има непријателска атмосфера, но тие се исто така вработени одредено време, а тогаш сфаќате дека и минатата година играа во Лигата на шампионите“.

На останатите водители не им беше баш јасно што зборува Ворнок, меѓутоа тој остана на своето.

„Да, тие се вработени одредено време. Многу од оние играчи кои играа минатата година се водоинсталатери и слично. Тоа само по себе е импресивно“, истакна Ворнок.

Ворнок очигледно баш и не запознаен со случувањата на фудбалот на некои делови надвор од Островот, но тоа не го спречи да гостува во „Скај Спорт“ и да зборува „стручно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Јувентус честиташе, но Ањели брутално одговори на прославата на Интер на 20. Скудето

Јувентус преку социјалните мрежи му ја честиташе титулата на Интер (ТУКА), но поранешниот …