Големата победа над Германија се уште е тема и во нашите медиуми. Селекторот Игор Ангеловски откако ја однесе Македонија ЕП сега направи уште еден голем успех.
По победата на Македонија до репрезентацијата стигнаа честитки од најголемите македонски спортски легенди. Ангеловски порача дека таквите пораки само дополнително ги мотивираат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„За комплиментите од јавноста најзаслужни се фудбалерите. Кога легенди како Лазаров, Панчев, Ѓуровски…испраќаат пофалби тоа нас дополнително не мотивира. Но, не треба сега да не фати еуфорија. За мене како тренер лесно е да ги спроведам тактиките кога имам така квалитетни играчи. Целата репрезентација функционирра како семејство, а фудбалерите имаат голема слобода, посебно во офанзивата. За добра одбрана потребна е голема дисциплина и таа можеше да се види против Германија“.
„Податокот дека Германија 20 години немаше пораз дома зборува за тоа кого победивме. Резултатите во изминатите години покажуваат дека ние сме сериозна селекција и сега сите не гледаат поинаку“, изјави Ангеловски во утринското гостување на МРТ.
Ќе потсетиме после трите одиграни натпревари во квалификациите Македонија има шест бода и е на втората позиција, пред нас е Ерменија, а зад нас Германија со исто така шест бодови.