Дома Македонски спорт Мак баскет Aмериканецот Дастин Вер го напушти МЗТ Скопје

Aмериканецот Дастин Вер го напушти МЗТ Скопје

Американецот Дастин Вер повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако вечерва потпиша спогодбен раскин на договорот со клубот, по кој ниту една од двете страни немаат понатамошни обврски една кон друга.

“Тој со добрите игри на турнирите во АБА2-лигата го привлече вниманието на побогати екипи од далеку посилни првенства, нешто што придонесе да се намали неговата желба да го носи сино-белиот дрес. Како и во многу слични случаеви претходно, не сакавме во своите редови да имаме играч, кој не е целосно фокусиран на обврските кон нашиот тим и кој не го дава својот максимум, особено на средбите од домашниот шампионат, поради што прифативме прекин на соработката. МЗТ Скопје Аеродром веднаш почна со потрага на неговата замена, со надеж дека ќе најдеме уште подобро решение, односно играч кој покрај тоа што ќе игра добро во АБА2, воопшто нема да ги потцени македонските натпреварувања, каде што традиционално атакуваме на трофеите во првенството и во Купот на Македонија. На Вер, пак, како и на сите досегашни наши интернационалци, му посакуваме се најдобро во новата средина и успех во понатамошната кариера“, соопштија од МЗТ Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонски репрезентативец МВП во Европкупот!

Ти Џеј Шортс втора година по ред покажува одлични игри на кошаркарските терени, сезонава д…