Дома Фудбал Англија Aлиоски пред Челзи: Ќе играме против голем клуб ама не се плашиме!

Aлиоски пред Челзи: Ќе играме против голем клуб ама не се плашиме!

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски вечерва ќе игра против Челзи во англиската Премиер лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Алиоски на последните натпревари прикажува навистина солидни настапи за Лидс и се очекува и вечерва да стартува од првата минута. Посебно во фокусот на медиумите е и поради изнуудениот црвен картон за Пепе во дуелот против Арсенал. Џани порача дека Челзи е голем клуб, меѓутоа Лидс не се плаши.

„Челзи е навистина голем клуб со големи играчи, но ние не се плашиме. Тоа е клуб кој ја освоил Премиер лигата и за нас е прекрасно што имаме прилика да играме против такви клубови. Против Ливерпул, Манчестер Сити и Арсенал покажавме дека можеме да парираме на секого. Ние сме екипа која игра тимски и која има квалитет. Си помагаме еден на друг на теренот и затоа одиме секаде да изненадиме“, изјави Алиоски.

Челзи и Лидс играат вечерва од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…