Македонскиот репрезентативец и член на Лидс вчера во натпреварот против Брентфорд заработи повреда поради која ја заврши актуелната сезона.
Алиоски го скина менискусот на коленото, а веќе денес имаше успешна операција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Натпреварот против Брентфорд македонскиот репрезентативец мораше да го заврши уште во 12-тата минута. Тој денес после операцијата се огласи преку социјалните мрежи и порача дека ќе се врати посилен.
„Ви благодарам на поддршката за брзо опоравување. Со вашата поддршка ќе се вратам посилен. Напред Лидс“, порача Алиоски.
Алиоски нема да биде спремен и за на квалификациските натпревари за Европското првенство кои во јуни во Скопје ќе ги одиграме против Полска и Австрија.
Повредата на Алиоски ќе биде тежок удар за Лидс кој се бори за влез во Премиер лигата. Оваа сезона Алиоски настапи на дури 42 натпревари за тимот на Биелса.
Thanks for all your get-well wishes! With your support I will come back stronger. C’mon Leeds!?? #MOT pic.twitter.com/eLtaVzJKsB
— Ezgjan Alioski (@ezgjanalioski) April 23, 2019