Дома Фудбал Aлвес: Во овој тим на Милан и со 37 години би бил ѕвезда

Aлвес: Во овој тим на Милан и со 37 години би бил ѕвезда

Бразилецот Дани Алвес со својата последна изјава како отворено да се понуди на Милан.

Легендарниот десен бек после 17 години поминати во Европа се врати во неговата татковина каде што и денес е член на Сао Паоло. Во Европа Алвес го носеше дресот на Севиља, Барселона, Јувентус и ПСЖ.

Алвес не размислува за крај на кариерата и порачува дека и понатаму може да игра на високо ниво.

„Ако играм во денешниот Милан сигурно би бил ѕвезда на тимот. Годините се само бројка. Во минатото трчав по 12 километри на еден натпревар, меѓутоа доволни се и осум ако ги истрчате паметно и квалитетно. Како и да е сигурен сум дека кога повеќе нема да можам да играм ќе се повлечам, не сакам да бидам посрамотен на теренот“, изјави Алвес.

Инаку, Алвес во неговата фантастична кариера собра дури 40 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…