Дома Фудбал Италија Aко Мурињо добие отказ во Рим пристигнува екс-тренерот на Баерн Минхен?

Aко Мурињо добие отказ во Рим пристигнува екс-тренерот на Баерн Минхен?

Рома забележа две победи, ги совлада Фросиноне во Серија А и Сервет во Лига Европа, но „огнот не е изгаснат“, а работата на тренерот Жозе Мурињо е во опасност, пишува угледниот „Кориере дело спорт“.

Римскиот весник наведува дека Португалецот би можел да биде сменет доколку утре не го совлада Каљари на гостински терен, во рамките на осмото коло од италијанската Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, претседателот на Рома, Ден Фредкин, сакал да го замени Мурињо и по поразот од Џенова (1:4), тогаш Жозе успеал да „преживее“, но сега работата е сериозна.

„Коријере“ додава дека римскиот клуб веќе стапил во контакт со Ханси Флик, неодамнешниот тренер на Германија и поранешен тренер на Баерн.

Рома многу лошо ја започна сезоната во Серија А, има само две победи на седум натпревари и во осмото коло влегува како 13-та на табелата со осум бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Видиќ ги избра најдобрите тројца дефанзивци во Премиер лигата, двајца се од Премиер лигата

Славниот Немања Видиќ одбележа една голема ера во Манчестер Јунајтед кога во прашање е деф…