Дома Трансфер зона Aзар разговарал со Анчелоти, знае што го чека

Aзар разговарал со Анчелоти, знае што го чека

Реал Мадрид пред три години плати 120 милиони евра за Еден Азар, кој се покажа како едно од најголемите промашувања на екипата.

Азар во првите две сезони во Мадрид имаше сериозни проблеми со повреди, поради што никогаш не фати ритам, а минатата сезона имаше главоболки и со тренерот Карло Анчелоти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Анчелоти не го користеше премногу во натпреварите, иако Белгиецот беше здрав и подготвен за дел од нив, па во досегашниот дел од сезоната одигра само 229 минути на шест натпревари.

Белгиецот има договор со „кралевите“ до 2024 година, но шпанските медиуми пишуваат дека неговото време во клубот е завршено.

Анчелоти имал разговор со Азар при што му кажал дека не смета повеќе на него и има дозвола да го напушти Реал Мадрид уште во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го избра наследникот на Жиру

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…