Белгиецот од редовите на Челзи веќе со години наназад важи за еден од најдобрите светски фудбалери. Сепак, се уште е далеку од „Златната топка“.
Во својата последна изјава Азар открива што според него можеби му недостасува за да стане најдобар во светот, односно да ја освои „Златната топка“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мојот татко кога бев помлад ми зборуваше дека не сум доволно себичен. Секогаш ми го зборуваше тоа и можеби тоа е вистина. Денес во фудбалот доколку сакате да освоите нешто како „Златната топка“ или да бидете најдобар стрелец, морате да бидете себичен. Јас не сум таков. Едноставно јас сум тоа што сум“, порача ѕвездата на Челзи.
Неговиот Челзи имаше разочарувачка сезона и заврши на дури петото место на табелата, а Азар успеа да постигне 16 погодоци и да запише 13 асистенции во сите натпреварувања.