Дома Фудбал Aдеми по двата гола и промашениот пенал: Жал ми е, јас сум виновен

Aдеми по двата гола и промашениот пенал: Жал ми е, јас сум виновен

Динамо Загреб вчера одигра натпревар против Валур во квалификациите од Лигата на шампионите кој заврши со победа од 3:2 за Динамо.

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми беше стрелец на два гола. Прво погоди во 8. минута, па во 72. кога Динамо дојде до 3:0. Имаше можност Адеми да дојде и до хет-трик но промаши пенал во 82. минута. Потоа Валур во 88. и 89. минута дојде до 3:2.

„Бевме одлични 80 минути, па промашивме пеналл. Поточно јас промашив и затоа ја преземам одговорноста.

Жал ми е, моравме да победиме 4:0, наместо тоа ги вративме во игра. Се надевам дека реваншот ќе го одиграме како тие 80 минути во овој натпревар“, изјави Адеми.

ДВАТА ГОЛА НА АДЕМИ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две мајстории за будење на Јувентус: Алајбеговиќ и Бога го урнаа Наполи!

Јувентус славеше со 2-0 во дербито со Наполи, а победата ја донесоа два прекрасни удари од…