Дома Фудбал Останато Aгуеро добил понуда од Манчестер Сити

Aгуеро добил понуда од Манчестер Сити

Серхио Агуеро поради здравствените проблеми беше приморан да ја заврши играчката кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинецот изминатото лето потпиша за Барселона и одигра само неколку натпревари за каталонскиот клуб. На натпреварот против Алавес кој се играше на 30. октомври Агуеро имаше проблеми со дишењето и беше пренесен во болница.

После деталните прегледи докторите открија дека Агуеро има срцеви проблеми и најдобро за неговото здравје е да ја заврши со професионалното играње фудбал. Таа одлука Агуеро ја соопшти минатата недела на прес-конференција.

Сега се појави информација дека Агуеро добил понуда од Манчестер Сити. Клубот во кој Агуеро ги помина најдобрите денови од кариерата му понудил да биде клупски амбасадор. Шпекулациите во овој момент се дека Агуеро ќе ја прифати оваа понуда.

Агуеро во Манчестер Сити помина десет сезони и стана најдобар стрелец во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скалони реагира на обвинувањата дека Аргентинците биле фаворизирани од судиите

По пласманот во полуфиналето на Светското првенство, аргентинската репрезентација повторно…