Дома Фудбал Останато Aнчелоти за Суперлигата: Европа не е Америка, тука културата е поинаква

Aнчелоти за Суперлигата: Европа не е Америка, тука културата е поинаква

Идејата за Суперлигата на Флорентино Перез и Андреа Ањели засега не успеа, а тоа го радува и стратегот на Евертон, Карло Анчелоти.

Евертон беше еден од клубовите кои жестоко ги осудија Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челзи, Арсенал и Тотенхем поради приклучувањето во европската Суперлига. Италијанскиот тренер за „Скај“ објасни зошто замислата била погрешна од самиот старт.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Мислев дека се шегуваат. Спортската култура во Европа е поинаква од онаа во американскиот спорт. Не затоа што сме ние во право, а тие не, туку затоа што тука едноставно кулутурата е поинаква. Во Америка спортот е поинаков, спортот им е забава. Во Европа има повеќе страст. Кога ќе победиме сакаме да ги победиме соседите, растеме со поинакво размислување. Така не е во Америка“.

„Фудбалот денес е дел од работата. Фудбалот прво е спорт, а потоа со многу вложувања станува работа. Мораме да земеме ги земеме во предвид и едното и другото. Тоа е сосема нормално. За секој навивач на фудбалот основањето на Суперлигата беше чудно. Чуден ден. Слушавме по нешто и претходно, но бев сигурен дека нема да се случи. Што да кажам? Погрешија. Сите 12 клуба погрешија.

„Најлошото од се е што сакаа да направат натпреварување без спортски заслуги. Тоа е неприфатливо. Погрешија и точка. Сега се вратија, ќе се води расправа, секој од нас сака Лигата на шампионите да биде повеќе конкурентна. Тоа е најдоброто натпреварување во светот и мораме да го одржуваме, новиот формат е добра идеја“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …