Дома Фудбал Репрезентации Aнгличаните за пласманот во финалето ќе добијат поголема премија од Италијанците

Aнгличаните за пласманот во финалето ќе добијат поголема премија од Италијанците

Фудбалската репрезентација на Англија изгуби на пенали на „Вембли“ од Италија, но Англичаните ќе добијат богата премија од ФА за освоеното второ место, дури поголема и од онаа на Италијанците.

Како што објавија англиските медиуми секој член на англиската репрезентација ќе доби по 300.000 фунти, додека „аѕурите“ како награда за шампионската титула добија по 250.000 фунти.

Наградата Англичаните се уште не ја добиле затоа што се чекаше ФА да се раздолжи кон Владата за корона-кредитот од 175 милиони фунти земен во декември лани. Сега кога тоа е завршено на ред се фудбалерите.

Пласманот во финалето е оценет како голем успех и покрај тоа што и по 50 години немаат трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Тажни вести од Белград: Почина легендата на Партизан

Денес во Белград почина легендата на Партизан, Момчило Вукотиќ. Вукотиќ почина на 71-годиш…