Дома Фудбал Репрезентации Aнгеловски: Едно големо браво за сите, Столе требаше да исфрла со нога

Aнгеловски: Едно големо браво за сите, Столе требаше да исфрла со нога

Македонија денес одигра 1:1 против Грузија со гол во последните минути од пенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Селекторот по натпреварот истакна пофалби за сите во репрезентацијата и најави дека сега мислите се со оној најважниот натпревар, повторно против Грузија на 12. ноември.

„Овој меч ни покажа дека Македонија не се предава. Со истиот противник и таму игравме со играч помалку, еве сега се вративме. Покажавме карактер и едно големо браво почнувајќи од капитенот од последниот член од репрезентацијата. Не е лесно да се играат три натпревари во краток период. Ние сме први и после овој собир, така целта е остварена. Сега размислуваме за натпреварот на 12-ноември“, најави Ангеловски.

За грешката на Димитриевски.

„Јас никого не критикувам посебно, но мислам дека и самите со оглед на тоа дека нема публика слушнавте кога му викнав да ја исфрли топката со нога“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Британски фудбалер направи скандал: Беснеел со 307 километри на час, доби четири години затвор! (Видео)

Фудбалерот возел со неверојатни 307 км/ч и сè објавил во видео формат. Сега е осуден на по…