Дома Македонски спорт Мак фудбал Aлтипармаковски: Поразот од Шкупи е зад нас, против Скопје императив е победата

Aлтипармаковски: Поразот од Шкупи е зад нас, против Скопје императив е победата

Брегалница го остава зад себе поразот од лидерот Шкупи во претходното коло, максимално фокусирајќи се на пресметката со Скопје во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Сините“ утре од 13 часот на Градскиот стадион во Штип го пречекуваат Скопје во желбата за враќање на победите во шампионатот.

„Го оставаме зад нас поразот од Шкупи и со мислите целосно сме кон дуелот со Скопје. Знаеме дека пресметката со Шкупи не смее да остави никаква трага врз играта, затоа што мора повторно да се вратиме на позитивните изданија“ – вели најдобриот стрелец на Брегалница, Марјан Алтипармаковски, веднаш дополнувајќи:

„Мора да нагласам дека навистина го почитуваме тимот на Скопје кој е еден компактен состав што се гледа и од игрите на претходните натпревари. Но, наш императив ќе биде победата. Мора да го дадеме максимумот ако сакаме бодовите да останат во Штип, меч кој мора да биде одигран концентрирано до крај, без грешка, за да се дојде до триумфот“.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Хрватот Живулиќ е првото засилување за Брегалница во зимскиот преоден рок

Во насока на квалитетно дополнување на играчките редови за пролетниот дел од сезоната, ФК …