Многумина ќе кажат дека Еден Азар можеше да направи многу повеќе во кариерата, но Белгиецот кажа крај на само 32 години.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Реал Мадрид за неговите услуги плати 120 милиони евра на Челзи, меѓутоа во Мадрид никогаш не ги исполни очекувањата. Знаеше Азар да се појави по одредена пауза и со вишок килограми, а сега признава дека водел живот кој не е баш најдобар за еден професионален фудбалер.
„Едноставно јас сум човек што не може толку да внимава како се храни. Не можам како други така да живеам 16 години, а кога не внимаваш на исхраната не можеш и да очекуваш да си на врвно ниво долго време.
Тогаш мислев дека тоа не е важно, хедониста сум и сакам да јадам и пијам со друштво. Диетата не беше за мене, краток е животот, знаев дека не сум од оние кои ќе се жртвуваат и дека порано ќе се пензионирам. Во мојот дом секогаш имав алкохол и храна која не треба да ја има еден фудбалер, но таков сум и не се срамам“, изјави Азар.